viz air avionОд април следната година нискобуџетната авиокомпанија Визер ќе воведе уште три нови дестинации кон европските метрополи. Од Скопје ќе се лета кон Брисел, Париз и Франкфурт.

Најниската цена на авиобилетите ќе изнесува 1500 денари. Покрај деветте линии кон кои сега Визер оперира, сега македонските граѓани ќе имаат можност да ги користат евтините летови кон вкупно 12 европски метрополи со што дополнително се стимулира авионскиот сообраќај во земјава.

Покрај Визер за кратко време во авионскиот бизнис во земјава ќе влезе и уште една нова ниско буџетна авиокомпанија, најави премиерот Груевски. Инвестицијата е извесна, премиерот не го откри името, само најави дека се работи за позната светска авиокомпанија која работи на принципот на нискобуџетни летови. За прво време ќе лета од Скопје кон три дестинации.

Kanal5