Евтини летови од Македонија до Париз и Келн


Скопскиот аеродром “Александар Велики” станува најпрометната база на нискотарифната авиокомпанија “Виз ер” на просторот на поранешна Југославија.

viz air avionОва доаѓа откако од “Виз ер” вчера најавија дека планираат да ги намалат летовите од белградскиот аеродром Никола Тесла”, кој станува прескап за оваа авиокомпанија. Лани Виз ер” од и до белградскиот аеродром превезе 480.000 патници и со тоа стана втората најпрометна компанија на српскиот авиопазар.

Виз ер” го зголемува бројот на дестинации од Скопје кон неколку нови европски метрополи. Од денеска Виз ер” отвора две нови авиорути, и тоа кон Келн и кон Париз. Два пати неделно новиот авион на Виз ер”, ербас А320″ (понеделник и петок) ќе ги поврзува Скопје со германскиот град Келн, а билетите кон овој германски град чинат 29,99 евра. Денеска свечено ќе бидат испратени и патниците на Виз ер” кои ќе патуваат за Париз, а наскоро ќе има летови и кон Брисел и кон Франкфурт. Мрежата на рути на Виз ер” оваа година ќе се состои од 14 линии до осум различни земји.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1