Поскапа струја за граѓаните од 1 јануари 2015 година


Повисока цена на струјата ќе плаќаат граѓаните од 1 јануари идната година кога ќе се вклучувааат на слободниот пазар на електрична енергија, изјави  претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров.

Save-Money-On-Electricity– Искуствата од земјите каде што е завршен процесот на либерализација на пазарот на електрична енергија покажуваат дека цената на електричната енергија за домаќинствата се зголемува, не само поради тоа што ќе се снабдуваат со електрична енергија по берзански цени, туку и поради фактот што фирмите веќе нема да ја субвенционираат цената на струјата за домаќинствата – рече Петров.

За утеха на граѓаните, зголемувањето на цената на струјата во земјава ќе се прави постепено во период од неколку години.

Секое домаќинство и фирмите потрошувачи на електрична енергија ќе треба три месеци пред излегувањето на слободниот пазар (крајот на септември) да изберат компанија која ќе ги снабдува со електрична енергија и да потпишат договор со неа.

Договорите, според законските одредби, ќе се потпишуваат на една година, период во кој не може да се направи промена на изборот на снабдувачот со електрична енергија.

Домаќинства кои до овој период нема да го определат снабдувачот со елекрична енергија нема да бидат исклучени од мрежата. Нив ќе ги снабдуваат таканаречените „снабдувачи во краен случај“ кои се лиценцирани за тоа. Такви се ЕВН дистрибуција и ЕЛЕМ енергетика.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1