ЕВЗОНИ ЗАТВОРЕН! Голем пожар на грчката граница – густ чад се шири над граничниот премин (ФОТО)


Пожар избувна на граничниот премин Евзони во Грција, јавуваат грчките медиуми и туристи кои моментално се таму.

Грчкa „Прототема“ пишува дека пожарот избувнал нешто по 12 часот на тревна површина. На гаснење на пожарот работат 22 пожарникари и 10 возила.

Поради пожарот затворен е патот кон граничниот премин Евзони додека сообраќајната полиција го пренасочувала сообраќајот, пишува „Прототема“.

Како што може да се види на фотографиите објавени во Фејсбук групата „Грчка инфо“, пожарот избувнал во шумата во близина на границата. Се крева густ чад, а се гледа голем пламен.

 Туристите известуваат дека граничниот премин е привремено затворен.

Се уште не се знае како настанал пожарот, но се претпоставува дека се работи за шумски пожар со оглед на големите горештини кои деновиве ја зафатија Грција.

Како што пренесува грчкиот портал „newsbomb“, на местото на настанот има и хеликоптер кој го гасне пожарот од воздух. Треба да се напомене дека Грција денеска и утре минува низ најлошите 48 часа топлотен бран, а се очекува температурите да достигнат и до 43 Целзиусови степени во некои делови од земјата.

Надлежните се во зголемена готовност и поради шумските пожари кои секое лето ја оптоваруваат Грција.

Tags: , , ,

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1