Фаланга, комити и партизани повторно во центарот на Скопје


Покрај античкиот и ко­мит­ски­от период, на туристите  во Скопје ќе им биде претставен и староградскиот живот. Момците и девојките што ќе бидат дел од туристичката стража, освен во об­ле­ка­та на војската на Александар Македонски, комитите и на партизаните, ќе би­дат облечени и во староградска облека, пишува Вест.

falanga komiti spomenici“Оваа година, како новитет, планираме да го претставиме староградскиот живот. Се­то друго останува исто. Туристичката стража ќе почне со работа од средината на мај. Момците и девојките ќе бидат во оние делови од градот каде што има најголема фрек­вен­ци­ја на туристи, односно на плоштадите Македонија и Филип Втори”, велат од ДКЦ”Карпош”, под чија надлежност е туристичката стража.

Во моментов тече конкурсот за избор на момците и девојките што ќе бидат дел од ту­рис­тич­ка­та стража.

“Кан­ди­да­ти­те што сакаат да бидат антички Македонки, фалангата на Александар Ма­ке­дон­ски, партизани или комити, треба да се на возраст од 19 до 23 години, да го­во­рат англиски јазик, да имаат познавања за периодот кој го претставуваат и за спо­ме­ни­ци­те кои се поставени низ градот. Задоволни сме од интересот на младите луѓе да бидат дел од туристичката стража. Повеќето што лани учествуваа во проектот, пов­тор­но се пријавуваат и годинава”, додаваат од детскиот културен центар “Кар­пош”.

Vest

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1