Осумнаесет годишна девојка од Кина покрај креветот во кој спиела го полнела својот смартфон iPhone S4. Нејзината сестра во текот на ноќта почувствувала мирис на нешто изгорено, по што ја пронашла сестра си со изгореници по телото.
Според извештаите на форензичарите девојката ја убила струја.
Вакви случаи веќе се имаат случувано поради неоргинални полначи на iPhone.
Стручњаци велат дека поради големата побарувачка пазарот во Кина е преплавен со лажни „Ајфони“ и „Ајподи“.