Фалсификувана храна во Македонија – внимавајте што купувате


Сокови, колачи, чоколади, гуми за џвакање, се само дел од фалсификуваните производи што се среќаваат на домашниот пазар, велат извори на „Дневник“.

Supermarket-001

Во Пазарниот инспекторат потврдуваат дека, освен облеката од познати трговски марки, храната и пијалаците се втори на списокот за фалсификување.  Храната најчесто е произведена во домашни мини-фабрики или е увезена.

По формата и по амбалажата многу личи на оригиналот, а дека е фалсификувана потврдуваат производителите или увозниците на оригиналните примероци. Досега никој не направил анализа на овие производи бидејќи кога истите ќе бидат откриени, се сметаат за небезбедни и се уништуваат согласно со законот.

Во Организацијата на потрошувачи на Македонија знаат за проблемот и велат дека многу лесно инспекциските служби можат да утврдат дали стоката е во ред само со барање документ од страна на трговецот со кој се потврдува дека е купена од овластен доставувач.Во Пазарната инспекција велат дека нивните инспектори на терен имаат пронајдено многу фалсификувани производи наменети за исхрана.

Supermarket– Најчесто станува збор за колачи или за сокови на познати брендови. Но за детели треба да се обратите во Агенцијата за храна – велат во Пазарната инспекција. Од Агенцијата, пак, велат дека лани кај нив била поднесена само една пријава за фалсификувани производи. Слично било и претходните години. Не посочуваат што се фалсификувал, ниту, пак, дали е безбедно за луѓето.

Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД) неодамна излезе со бројка дека количеството фалсификувани прехранбени производи, пијалаци и земјоделски производи со кои се тргува во светот секоја година е с` поголемо.

Kонзервиран зеленчук, млеко во прав, путер, инстант-кафе, алкохол, кондиторски производи, па дури и храна за деца, се само дел од производите што се на списокот на оваа организација.

Алкохолните производи се главна цел на фалсификаторите, кои оригиналните шишиња ги полнат со неквалитетна замена, стои во извештајот на ОЕЦД.

Dnevnik

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1