Фаталната Мис Јордан тргна во војна против ИСИС


Лара Абдалат беше крунисана за Мис Јордан во 2010-тата година, за потоа да стане прва придружничка на изборот за Мис на арапските земји во 2011-тата година. Но, таа го напушти таквиот живот за да му се посвети на нешто далеку поопасно и поконтроверзно. Малку е да се каже дека Лара не е просечна “мисица”.

Поранешната мисица моментално се бори против таканаречената Исламска држава и исламските терористи како хактивистка (синтагмата настанала со спојувањето на зборовите хакер и активист) и членка на меѓународната антитерористичка групација Ghost Security која е до одредени мери поврзана со познатата хакерска групација и движење Anonymous.lara-abdalat-protiv-isis-01-630x526

Таа ги минува деновите детално сурфајќи на интернет мрежата, барајќи или детектирајќи сомнително однесување. Лара своето време го минува во овие мрачни катчиња на интернет мрежата бидејќи се верува дека таканаречената Исламска држава токму преку тие алатки ги регрутира своите идни членови, ги планира нападите, а потоа и ги изменува податците.

– Ми беше тешко да ги гледам вестите секое утро, гледајќи илјадници убиени луѓе. Станав многу фрустрирана поради сето тоа. Му кажав на мојот татко дека еднаш за промена би сакала да го вклучам телевизорот и да видам нешто весело, изјавила Абдалат за Mic.

Со својата намера да ја пополни содржината на вестите со позитивни нешта, Лара уште во 2014-тата година начелно се приклучила кон Ghost Security.

– Нашата цел е да се елиминира присуството на интернет мрежата на екстремистичките групи какви што се Исламската држава, Ал-Каеда, Ал-Нусра, Боко Харам и Ал-Шабааб, а сè со цел да се ограничат нивните моќи на регрутирање и организирање на нивните активности, пишува на интернет страницата на Ghost Security.

Поради природата на својата работа и ангажман, Абдалат мора својата локација да ја одржува на непредвидливо и флуидно ниво, па две третини од годината таа ги минува патувајќи, но тоа не ѝ претставува голема препрека, бидејќи како што кажува самата, работата за Ghost Security максимално ја исполнува, а нејзината борба против исламските екстремисти има особено значајна нота. Всушност, нејзиниот татко е од Јордан, но нејзината мајка е со турско-сириско потекло, па Лара чувствува голема поврзаност со регионот во кој што се одвиваат најголемите борби.

Абдалат потврдила дека Ghost Security неодамна спречил два потенцијални напади, еден на њујоршкиот Times Square, a вториот на тунишкиот остров Ѓерба. И во двата случаеви осмничените се фатени, а како би ја покажале искрената намера на Ghost Security, често своите податоци ги споделуваат со известувачките и истражувачките агенции како што се CIA и FBI.

– Душите се родени слободни, кои сте вие за да ги убивате?

Со овие зборови Лара им се обраќа на групите кои што нејзината група се обидува да ги спречи.

– Јас сакам да спасувам животи, независно од тоа дали се работи за Муслимани, Христијани или Будисти. Тоа не е моја грижа, ниту пак која е нивната боја на кожа. Сакам да ги заштитам сите луѓе, заклучува Лара Абдалат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1