Познат српски актер силувал малолетник – ќе му се суди


Основното јавно обвинителство во Сомбор започна постапка против српскиот актер Горан Јевтиќ (37) под сомнение дека минатата година силувал малолетник во тој град, пренесува агенција „Танјуг“.goran jevtic

Јевтиќ се гони за две кривични дела: обљуба врз немоќно лице, за кое е предвидена казна од две до десет години, како и за кривично дело недозволени полови дејствија, за кое може да заработи парична казна или затвор до три години.

Против Јетвиќ на крајот на минатата година е поднесена приватна кривична пријава за наводна обљуба над 14-годишнен малолетник, од страна на родителите на момчето.

Актерот има богата кариера зад себе, но македонската јавност го памети по улогите во „Парада“, каде играше и Тони Михајловски, како и филмот на Анџелина Џоли, „Во земјата на крв и мед“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1