Фатен насилникот кој пукаше кај Капитол Мол


Полицијата по спроведените мерки и истраги го утврди идентитетот на лицето кое пред три дена пукаше со пиштол кај трговскиот центар Капитол Мол во скопски Аеродром.

Станува збор за 29-годипниот скопјанец Е.К. против кого полицијата поднела кривична пријава за сторено насилство и предизвикување на општа опасност.

kapitol aerodrom policija lenta

-Пријавениот на 27-ми месецов околу 20 часот на бул.„Јане Сандански“ поточно на паркингот позади  ТЦ „Капитол“  заедно со А.К.(16) против кого исто така е поднесена пријава за “насилство”, физички нападнале 14 годишно лице од Скопје удирајќи го со клоци и тупаници во пределот на главата и телото и притоа удирајќи го и со тврд предмет во пределот на главата при што му нанеле телесни повреди. Пријавениот Е.К. по физичкиот напад од автомобил „Мерцедес“ кое истиот го управувал, испукал неколку пати од огнено оружје пиштол во непознат правец, велат од Министерството за внатрешни работи.

Е.К. минува во крим евиденцијата на СВР Скопје за сторени кривични дела тешки кражби, загрозување со опасно орудие при тепачки или караници, одземање на моторни возила, недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, предизвикување на општа опасност и насилство.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1