Имено, во текот на репортажата за поставените контејнери од страна на Црвениот крст, наменети за складирање на донираната стара облека за оние на кои што им е најпотребна, се случи нешто неочекувано.
Така, додека соговорникот зборуваше за проблемот со крадењето на донираната облека, во позадината се случи токму тоа, жена пристојно облечена пријде до контејнерот, зема кеса со облека и си замина.
Секој коментар е излишен, па затоа во продолжение погледнете го видеото кое што вечерва го објави интернет порталот Прес 24.