Индиската полиција уапси шест момчиња кои се осомничени дека ја силувале 23-годишната студентка која почина во болницата во Сингапур. Како што соопшти полицијата, тие би можеле да бидат осудени на смрт.
Во меѓувреме, повеќе од 4000 демонстранти се собраа во центарот на Њу Делхи. Демонстрантите бараат од власта најстрога казна за насилниците и поголема безбедност за сите жени.