Жртвата на групното силување во Делхи починала во сингапурска болница


Девојката која беше жртва на брутално групно силување во делхиски автобус почина во сингапурска болница. Нејзиното силување предизвика масовни демонстрации против сексуално насилство низ Индија.article-2254075-16AD8597000005DC-328_634x415

Дваесет и три годишната студентка „мирно починала“ во саботата, изјавуваат од болницата Mount Elizabeth , каде што беше сместена поради многубројни внатрешни повреди.

„ Со жалење објавуваме дека пациентката почина во 4:45 часот наутро (локално време) на 29-ти декември 2012„ – изјави Келвин Ло, шефот на болницата.

„ Покрај неа беа членовите на нејзиното семејство и претставници на висока индиска комисија“.

Ло вели дека девојката останала во критична состојба уште од вторникот кога долетала во Сингапур од Индија.

article-0-16AA432A000005DC-30_634x405Студентката и нејзиниот придружник биле нападнати  од шесторица мажи во јавен автобус на 16-ти декември, ја силувале и потоа брутално ги претепале и двајцата. Исто така вметнале железна шипка во нејзиното тело предизвикувајќи сериозни повреди на органите. Потоа и двајцата биле соблечени и фрлени од автобусот.

Инцидентот предизвика демонстрации на кои се бара поголема безбедност за жените и смрт за осомничените.

По смртта на жртвата на силувањето во делхискиот автобус, друга жртва на силување изврши самоубиство откако полицијата ја натерала да го повлече обвинението. Тинејџерката беше пронајдена мртва во средата откако испила отров. Била силувана за време на фестивалот Дивали на 13-ти ноември во регионот Патилиа, Пенџаб.

Ирма Башеска

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1