ФБИ објави архиви стари 17 години за Бил Клинтон


Само неколку дена пред претседателските избори во САД, Федералното истражно биро објави архиви стари 17 години што содржат документи за одамна затворена истрага за тоа како Бил Клинтон како претседател го помилувал Марк Рич, осуден финансиер во 1983 година.hilari-bil-klinton-640x432

Рич побегнал во Швајцарија за да избегне гонење, а починал во 2013 година. Kлинтон го помилувал Рич во последниот ден од својот претседателски мандат. Федералната истрага за Рич завршила во 2005 година без да биде покренато обвинение.

Портпаролот на Белата куќа Џош Ернест изјави дека не му е познато дека кој било од Белата куќа е консултиран за тој материјал пред неговото објавување.

Тоа е најново обелоденување документи од страна на ФБИ и тоа покрена прашања од преизборниот штаб на Хилари Клинтон за тајмингот на нивното објавување.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1