Поранешниот менаџер на претседателската кампања на Доналд Трамп, Пол Манафорт, му се предаде на ФБИ, соопшти американското Федерално истражно биро.
Потегот е поради истрага за мешање на Русија во претседателските избори во САД.
Американски медиуми јавија дека и Рик Гејтс, бизнис соработник на Манафорт, исто така ќе им се предаде на властите.