Бодибилдерот Ентони Тони Дитиро од Колорадо го тужи Фејсбук и доколку ја добие парницата, оваа компанија ќе мора да направи големи промени во политиката на приватност на својата друштвена мрежа. Тој подигна тужба против Фејсбук, тврдејќи дека му лајкувале страници во негово име по што бара оштета од 750 долари.
Челниците на компанијата тврдат дека тужбата е неоснована и најавуваат енергична борба. Адвокатот Душан Стојковиќ предупредува дека загриженоста на корисниците секојдневно се зголемува и дека Фејсбук наскоро ќе мора да попушти под притисокот и да ја преиспита својата политика на приватност.
„Сметам дека луѓето треба да се побунат ако им се загрозени правата. Случаите во кој луѓето го тужат Фејсбук секојдневно се зголемуваат. Доколку мислите дека правото ви е загрозено, прво што ќе треба да направите е да се обратите на интерната служба на друштвената мрежа, а потоа и по потреба и на судот“, вели Стојковиќ.
Ди Тури наводно лајкнал американски дневен весник USA Today, и покрај тоа што никогаш не ја посетил нивната страница на Фејсбук. Тој вели дека не е единствен кој што му се случило вакво нешто. И други граѓани поднеле тужба кои се нашле во слична ситуација по што сериозно е нарушена репутацијата на компанијата.
Тие се понижени, засрамени и повредени им се чувствата“, се наведува во тужбата. Случајот со лајковите во име на корисниците предизвика подеднаква загриженост како и откритието дека Google ја чита нашата електронска пошта, како би креирал индивидуални огласи зансновани на тоа што го пишуваме во приватните пораки. Лајковите во технолошкиот свет се сметаат до толку важни, што почнаа да се купуваат и продаваат како и секоја друга роба.