Направете си сами дома пудра за лице – здрава, а и речиси за џабе пари


Се што ви е потребно за да направите домашна пудра во прав е пченично брашно или обично бело брашно, густин, какао во прав или чоколада во прав, цимет, ванила и француска зелена глина. Сите состојки се мешаат, а постапката е следна:

pudraВо стаклен сад ставете 2 лажици брашно, бело или пченкарно, количината на останатите состојки зависи од тенот на вашата кожа, па затоа треба да додавате од останатите намирници се додека не ја добиете вашата идеална боја.

Ванилата е за посветли жени кои имаат таков тен. Доколку вашата кожа е жолтеникава, за вас ќе биде идеално да додадете ѓумбир во прав кој ќе ја неутрализира таа нијанса и ќе ја заштити вашата кожа.

Можете готовата пудра во прав да ја мешате со етерични масла, лосиони за тело, млеко за тело или хидратантен крем за лице. Маслиновото масло оди одлично во комбинација со пудрата, но само во мали количини, за да не биде пудрата многу мрсна.

Popara.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1