Фејсбук има намера да ги наплаќа пораките


Фејсбук има намера да го наплаќа својот месинџер сервис за корисниците.

Според информациите на сајтот belgium-iphone.be, Фејсбук неодамна го ангажирал поранешниот претседател на PayPal најверојатно со идеа да почне да ги наплаќа пораките кои се разменуваат на социјалната мрежа, пренесува Нова.

Оваа мрежа засега смета на рекламите за своите активности и се чини дека се движи кон наплата на пораките кои корисниците ги разменуваат и разговорите на сајтот кои често се долги. Според некои американски медиуми оваа наплата би одела преку претплата како што тоа е случај со WhatsApp или преку друг систем на наплата. facebook-ap

“Можеме да избереме пристап кој е лесен и да ставиме реклами, да наплаќаме и да заработиме пари во кус период. Но тоа нема да го направиме”, објаснува Марк Цукерберг, претседателот на Фејсбук. Според него треба да се најде алтернативна формула која ќе биде долготрајна и која нема да ги избрка корисниците од социјалната мрежа.

Фејсбук има 200 милиони корисници а неговиот сервис на пораки е еден од неговите главни адути. WhatsApp е друга апликација која денес има 500 милиони корисници. Сепак, според најавите, одлуката на Фејсбук за наплата нема да се случи наскоро бидејќи социјалната мрежа е во потрага по долгорочно решение.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1