Фејсбук ќе помага во потрагата за исчезнатите деца


Корисниците на социјалната мрежа Фејсбук во САД наскоро ќе добиваат известувања за исчезнатите деца во нивното соседство, на нивниот профил.

Известувањата ќе вклучуваат фотографија од исчезнатото дете и други релевантни информации, вели Емили Вејчер, менаџер на Фејсбук за безбедност и поранешен агент на ФБИ.facebook 3

Вејчер вели дека овие известувања, познати во САД како Amber Alerts, ќе ги добиваат само оние лица кои се наоѓаат во реонот каде исчезнало детето.

Од Фејсбук наведуваат дека корисниците веќе ги користат социјалните мрежи за да споделат информации за исчезнатите лица.

Минатиот март 11-годишно девојче било пронајдено во мотел во Јужна Каролина, откако претходно било забележано од страна на еден службеник кој ги видел информациите за нејзиното исчезнување на Фејсбук.

Системот за предупредување отпочнал да работи во 1996-та година по киднапирањето и убиството на 9-годишната Амбер Хејгерман во Арлингтон (Тексас). Оттогаш повеќе од 700 деца биле пронајдени благодарение на системот за известување.

NetPress.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1