„Фејсбук“: Македонските власти барале податоци за осум корисници


Македонските власти во последните шест месеци на минатата година поднеле пет барања за добивање на податоци за осум корисници и профили на социјалната мрежа „Фејсбук“, стои во последниот извештај на компанијата.

facebook 3

Според податоците на најголемата социјална мрежа, кои се однесуваат на барањата на светските влади за податоци за нивните корисници, забележан е благ пад во барањата на македонски власти, кои во првите шест месеци на 2014 година поднеле 10 барања за 12 корисници или профили, поврзани со криминални дејства.

„Фејсбук“ соопшти дека најголем пораст на барања во врска со податоци за корисници поврзани со криминал или со објавување забранети содржини се забележани во Индија и во Турција, додека во САД е намален од 15.443 на 14.274.

Извор: Мета

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1