Фејсбук почнува со наплаќање? околу 1500 денари месечно


Од Фејсбук соопштија дека се тестира услуга која на администраторите на одредени групи на социјалната мрежа ќе им овозможи наплатување на месечна „членарина“.

Марк Закерберг со години зборува дека Фејсбук секогаш ќе остане бесплатен. Но, откако изби аферата со „Кембриџ Аналитика“ и после новите регулативи во Европската унија, првиот човек на најголемата социјална мрежа на светот започна „да ја менува плочата“.

Закерберг сега зборува дека „секогаш ќе има некоја верзија на Фејсбук која ќе биде бесплатна“, што значи дека ќе има дел од платформата на социјалната мрежа која ќе им биде наплаќана на корисниците.

Такво нешто се шпекулира дека би можеле да бидат приватни групи во кои што корисниците би можеле да имаат приватен пристап до некаква ексклузивна содржина. Имено, од Фејсбук објавија дека тестираат услуга која што на администраторите на таквите групи би им овозможила наплатување на месечна „членарина“.

„Администраторите на групите велат дека бараат начини како да заработат пари, а истовремено да ја зголемат комуникацијата со членовите на групата“, истакна Алекс Дејв од Фејсбук на официјалниот блог на најголемата социјална мрежа на светот.

Оваа опција засега се тестира само во неколку групи достапни во Соединетите Американски Држави, а членарините чинат од 9,99 долари (околу 530 деенари), до 29,99 долари (околу 1500 денари), со тоа што на членовите им е овозможен пристап до ексклузивна содржина, тренинзи, консултации во живо и совети.

Засега, Фејсбук не планира да земе никаква провизија од членарината, но сепак не се знае какви се плановите на Закерберг во иднина и дали овој проект ќе заживее и на другите пазари, а не само во САД.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1