Поедини корисници на Фејсбук имаат одредени проблеми бидејќи не можат да пристапат кон одредени профили и страници.
Фејсбук е свесен за овој проблем но моментално не е подготвен да даде никаква изјава во врска со проблемот.
Извештаите на Твитер и неможноста за користење на одредени профили исто така потврдуваат дека нешто не е како што треба.
Ова не е прв пат Фејсбук да има проблеми- во октомври корисниците не можеа да поставуваат статуси или да коментираат неколку часа.
Многу е веројатно дека Фејсбук има одредени проблеми со работата, поради поставувањето на нови „лајк„ опции на кои повеќе не се наоѓа палец.