Одделни корисници на социјалната мрежа Фејсбук во светот вклучително и во Македонија, денеска не можеа извесно време да пристапат кон таа мрежа.
При обидот за отворање на налогот на Фејсбук се појавуваше порака:
„Извинете нешто не е во ред. Работиме на тоа проблемот да се реши што е можно побрзо“.
Засега нема соопштение од Фејсбук поради проблемот.
Фејсбук и во јуни имаше слични проблеми.