Фејсбук призна – бил хакиран ама тврди нема компромитирани податоци


Од социјалната мрежа Facebook ноќта кон саботата објавија дека биле цел на серија напади на непозната хакерска група, но во компанијата велат дека нема докази оти податоците на корисниците биле загрозени.

facebookvirus„Минатиот месец откривме дека нашите системи биле цел на софистициран напад”, објавија од компанијата Facebook на својот блог, при што додаваат дека нападот се случил кога неколку вработени посетиле интернет страница која била загрозена.
Додаваат дека тие не биле единствената цел на нападот.
Изјавата на Facebook во којашто, исто така, тврдат дека имаат повеќе од милијарда активни корисници низ светот, следеше по неодамнешните сајбер напади врз други позначајни интернет ресурси.
Така, Twitter, интернет социјалната мрежа наменета за испраќање куси пораки, исто така, во февруари била хакирана, и околу 250 илјади адреси на корисници потенцијално се загрозени, бидејќи напаѓачите добиле пристап до информациите, вклучувајќи ги и корисничките имиња и електронските адреси.
И интернет страниците на некои весници, како The New York Times, The Washington Post и The Wall Street Journal изминатиот период била нападнати, но овие напади беа припишувани на кинеските хакери

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1