Фејсбук призна грешка – ги враќа вестите во њуз фидот


Фејсбук и официјално објави дека го прекинува експериментот со поделба на основната страна на „њуз фид“ и „експлор фид“ и практично призна дека направил грешка.

Со експериментот беа опфатени шест земји: Шри Ланка, Србија, Словачка, Боливија, Гватемала и Камбоџа.

– Луѓето не сакаат разделен фид, резултати од анкетата го покажуваат тоа, напиша раководителот на њуз фидот во фејсбук Адам Мосери

Компанијата во моментов се фокусира на друг експеримент посветен на промоција на локални вести, сега за сега достапно само во шест градови.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1