Фејсбук воведе телефон – бесплатни разговори со пријателите


Фејсбук продолжува со претставување на новитетите во своите мобилни апликации, па по неодамнешното претставување на апликацијата на Poke, која на корисниците им овозможува да испратат самоуништувачки пораки, сега е надограден и со Мessenger апликација, преку која може да се испрати гласовна порака, а во иднина ќе може да се објави и VoiP повик.


60740612Надограденaта messenger апликација за Apple уредите и мобилните телефони кои работат на Android, сега им е овозможено, освен текстуални комуникации и испраќање на фотографии, да испраќаат и гласовни пораки.
За да преку Фејсбук messenger испратите гласовна порака, потребно е да кликнете на нова порака или да отворите на постоечката конверзација со пријателот во оваа апликација и во долниот лев агол да кликнете на ознаката плус.
Тука ќе се отвори опцијата „Attach a Photo“ , „Camera“ и „Record Voice“ – потребно е да стиснете на последната опција, а кога ќе се отвори црвеното кругче, стиснете на него за снимање на гласот и поченете да ја снимате пораката. Доколку не ви се допаѓа, можете да ја откажете и да снимите од почеток.
Освен можноста да се снимат гласовните пораки, Фејсбук во моментов работи и на интересна опција која на корисниците на нивните Messenger апликации, на смарт телефоните ќе им овозможи бесплатни VolP разговори – како Вибер или Скајп, а со оглед на бројот на корисниците на Фејсбук, јасно е дека милиони корисници би можеле да комуницираат на овој начин.
Треба да се напомене дека еднакво како што тоа е случај со апликациите како Вибер, за овие бесплатни разговори потребна е интернет врска (WiFi или мобилен интернет)
VolP разговорите по пат на Фејсбук на мобилните апликации за размена на пораки на почетокот ќе се тестираат само во Канада и ваквата можност ќе им биде достапна само на корисниците на Appel уредите.

Share Button
Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1