„Фејсбук“ воведува три големи промени


Промените во алгоритамот на насловната страница (News Feed) на „Фејсбук“ ќе придонесат за значаен пад на посети и активност на фан страните.

Станува збор за воведување на три големи промени, а од компанијата информираат дека процесот веќе е започнат.To match feature: INTERNET-SOCIALMEDIA/PRIVACY

Повеќе од една година, голем број огласувачи и администратори на фан страни имале огромна корист од големата активност на нивните страници, а промените ќе се манифестираат со значаен пад на активноста на фан страните, пишува „Бизнис инсајдер“.

Промените кои се воведуваат:

– Корисниците на „Фејсбук“ ќе можат да видат повеќе објави од истиот извор на насловната. Предходниот алгоритам тоа не го дозволуваше.

– Ќе се воведе алгоритам со кој приорет добиваат содржините објавени од вашите пријатели, а не објави од фан страни.

– Објавите кои вашите пријатели ги коментирале или лајкувале веќе нема да бидат видливи или ќе се наоѓаат многу ниско на почетната страна. Ова посебно ќе влијае на активноста на фан страниците, чии постови исто така ќе се наоѓаат долу или воопшто нема да излегуваат.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1