Социјалната мрежа Фејсбук објави дека укинала повеќе страници, групи и лични профили во Русија поради ,,неавтентично однесување”.
,,Денеска избришавме бројни страници , групи илим профили со неавтентично однесување на фејсбук или Инстаграм. “ , изјави Натаниел Глајхер, раководител на сајбер безбедност на Фејсбук.
Oд таму информираат и дека запреле две операции , водени од Русија , од кои едната насочена кон различни земји , а другата кон Украина.
Меѓу операциите немало поврзаност , но тие имале иста тактика за создавање мрежа на профили за измамување на другите за тоа кои се и што работат.
Фејсбук од пред две години се соочува со отри осуди дека нивната мрежа се користи за политичко влијание и ширење лажни вести , поради што вчера најавија и дека ќе има посебен мониторинг во земјите каде годинава ќе има важни избори.