Доколку „Фејсбук“ денеска цел ден не ви работи, не грижете се, не е до вашиот профил, уред или интернет. Корисниците на најголемата социјална мрежа низ целиот свет денеска имаат проблеми со нивната почетна страница.Наместо нови вести, на „Фејсбук“ се прикажани ограничен број на објави, а на крај стои и поракa: Ќе имате повеќе приказни на почетната страница доколку додадете повеќе пријатели.
Проблемот во Велика Британија започнал околу 9 часот утрово, а илјадници корисници веќе испратиле пријава до компанијата. Слични проблеми има и во САД и низ поголемиот дел на Европа.
На удар се и корисниците во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.
Во Македонија и вчера се случуваа слични проблеми, а некои од корисниците воопшто и немаа „Фејсбук“.
Од компанијата засега нема официјално соопштение што точно се случило и дали се работи на проблемот.