Фејсбукот ви е чуден денеска? Еве што се случува


Доколку „Фејсбук“ денеска цел ден не ви работи, не грижете се, не е до вашиот профил, уред или интернет. Корисниците на најголемата социјална мрежа низ целиот свет денеска имаат проблеми со нивната почетна страница.Наместо нови вести, на „Фејсбук“ се прикажани ограничен број на објави, а на крај стои и поракa: Ќе имате повеќе приказни на почетната страница доколку додадете повеќе пријатели.asda-520x159

Проблемот во Велика Британија започнал околу 9 часот утрово, а илјадници корисници веќе испратиле пријава до компанијата. Слични проблеми има и во САД и низ поголемиот дел на Европа.

На удар се и корисниците во Хрватска, Босна и Херцеговина и Србија.

Во Македонија и вчера се случуваа слични проблеми, а некои од корисниците воопшто и немаа „Фејсбук“.

Од компанијата засега нема официјално соопштение што точно се случило и дали се работи на проблемот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1