Голема пукнатина на канализациска цевка во квартот Кампо Гранде во Рио де Жанеиро предизвика вистинско мини цунами, што зафати картонски куќи и повреди неколку лица, јавуваат локалните медиуми.
Телевизијата „Глобо њуз“ објави видео запис на кој се гледа како водата отскокнува од пукнатината на цевката и носи се пред себе, како автомобили, отпадоци и полесни градби.
Локалната компанија за водоснабдување и канализација „Седрела“ ја потврди информацијата за оштетената цевка. Водата предизвика и прекин на електричната енергија во квартот.
Според „Глобо њуз“ пожарникарските екипи ги евакуирале локалните жители со гумени чамци. Неколку амбулантни возила биле испратени да ги преземат повредените. Според информациите едно 3 годишно дете загинало кога било поклопено од куќарката која била однесена од надојдената вода.