Фенг шуи: Не оставајте ништо под креветот освен ова…


Купот нешта кои се држат под кревет создава конфузна енергија која вашиот ум несвесно ја впива додека спиете., што е мошне лошо.Фенг шуи најчесто советува да не оставаме ништо под креветот.

Просторот под креветот треба да биде празен и редовно да го чистите. Единствен исклучок од „ништо под креветот“ е доколку чувате т.н. „Kутија со богатство“.KREVET

Тоа е специфична Фенг шуи алатка за емитување на одредена желба и намера, односно отварање на нашето несвесно „јас“ кон можностите да се исполнат тие желби.

За каква кутија станува збор и што има во неа?

Квалитетот на кутијата е важен бидејќи тоа ќе предизвика поголема или помала енергетска вибрација. Напомена: треба да има најдобар квалитет. Цврст поклопец ќе претставува сигурна и стабилна енергија, а отворена кутија ќе има повеќе „отворен“ тип енергија. И двете се подеднакво совршени, а тоа зависи од идејата што сакате да манифестирате.

Материјал на кутијата: дрвото е заземјување и ја држи енергијата на делување и раст. Фино обрабена, златна(може и имитација), сребрена или опточена со скапоцени камења кутија ќе го зголеми чувството на изобилие. Стаклена кутија ќе ја поттикне енергијата на „јасност“. Плетена сугерира на природно движење и поттикнува флексибилност. Земјена или керамичка кутија сугерира на енергијата на внимание и нега.

Што да ставите во кутијата?

Пред поставувањето на стварите во кутијата запрашајте се: “Што навистина ќе ме направи среќен” Идејата е да пронајдете предмети за застапување на среќни чувства кои сакаме да ги привлечеме во својот живот.

Во кутијата ставете предмети кои ќе поттикнат одреден желба да се оствари во вашиот живот: ако сакате пари и изобилие ставете разни парички, златен накит, златници, дукати, скапоцени камења, кристали…Избегнувајте да ставате куп ковани пари.

Ако сакате да привлечете љубов во кутијата ставете природни мириси, црвени свеќи, мирисни креми и масла…

Енергетското влијание на кутијата ќе го почувствувате без оглед каде ќе ја ставите под креветот, но најдобро место е под папокот. На тој начин директно суптилно „се храните“ со енергија од внатрешноста на кутијата, како што фетусот се храни од мајката преку папочната врвка.

Kутијата со богатство треба да се прегледува и да се освежува секои три месеци.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1