Филип Лазаров стана татко


29 годишниот Филип Лазаров – капитен на РК Вардар и неговата сопруга Билјана денеска во утринските часови станаа родители. Породувањето минало во најдобар ред, а по желба на двајцата родители бебето ќе се вика Милан.

Ова е прв плод од нивната долгогодишна љубов, а менаџерскиот тим на РК Вардар им испраќа најискрени желби и честитки за наследникот на Лазарови.

– Денеска нашата фамилија доби нов член Милан Лазаров, да е жив и здрав лепотанот на мама и тато – напиша Филип Лазаров.

Филип пред неколку месеци се ожени со архитектката Билјана Стамболиева, а кум му бешее Стојанче Стоилов, клупскиот и репрезентативен другар.

filip lazarov

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1