„Филип Втори“ доби нов лик, под источна трибина ќе има ресторани и хостел


Заврши уште една етапа од изградбата на Националната арена „Филип Втори“ – готова е стаклената фасада на источната трибина и е поставена илуминација. Со тоа арената е поблиску до конечната цел за целосно довршување, фасадирање и уредување на терените, со цел Скопје да добие репрезентативен спортски објект, каков што и прилега на метрополата, а поставена е и илуминацијата, објави Дневник.

Во периодот што следува, како што вели Цветко Грозданов, директор на Акционерското друштво за изградба и стопанисување со станбен и деловен простор, од интерес за нашата земја деловниот простор под источната трибина ќе биде понуден под закуп на субјектите кои ќе покажат интерес.ffilip-vtorii

Деловниот простор ќе се издава

– Акционерското друштво претходно објави оглас за пројавување интерес на правни лица за закуп на деловниот простор. Се јавија 18 фирми, но не им одговараше условот оној што ќе го добие деловниот простор да го направи и фасадното обликување. Им беше скапо на закупците да ја градат фасадата и се согласија да го направат само ентериерното уредување. Затоа сега повторно ќе објавиме оглас за пројавување интерес на правните субјекти за издавање на деловниот под закуп,  изјави Грозданов, пренесе Дневник.

Во поттрибинскиот простор на источната трибина има околу 4.000 квадрати, што ќе се дадат под закуп. Дозволено е просторот да се оспособи за хостел, ресторани, изложбени салони итн.

Целиот текст прочитајте го на ДНЕВНИК

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1