Филипче: Медицинска сестра од Куманово два дена одела на работа со коронавирус, но немала симптоми


Четири вработени во штипската болница ќе бидат во самоизолација, бидејќи биле во контакт со пациентка на возраст од 80 години, која е позитивна на коронавирус. Во Куманово, пак, медицинска сестра вработена на Клиниката за пулмологија дошла на работа без симптоми, за вчера, да има зголемена температура и да биде позитивна на коронавирусот, рече на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Има пациентка од Штип која била таму примена за првпат на 26 март, првиот брис е негативен и тогаш е пратена на консултација и вратена назад од Скопје. Пациентката има 80 години, се лекувала на Одделението за Инфективни болести, меѓутоа, има влошување на состојбата. На 30 е повторно упатена на инфективната клиника. Тестот е позитивизиран, а заради внимание четири медицински мица ќе бидат во самоизолација, тие се асимтоматски. Направена е прераспределба на медицинските сестри, осум дополнителни ќе ротираат во Штипската болница, на Одделението за инфективни болести за да се надохнади персоналот кој ќе биде во самоизолација“, посочи министерот Венко Филипче.

Во изминативе два дена, медицинската сестра од Куманово работела со заштитна опрема, но интервјуирани се нејзините колеги кои имале
контакт.

„И една медицинска сестра од Куманово, која е на работно место на Клиниката за пулмологија, минатата недела била во резервен тим, без никакви симптоми дошла на работа во понеденикот. Вчера почуствувала зголемена телесна температура, земен е брис, позитивна е на вирусот. Во изминативе два дена, на клиниката била со целосна заштитна опрема и маска и ракавици. Направени се интервјуа со колегите, медицинските сестри и ќе се постапи согласно податоци“, додаде тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1