Филипче потврди: Директорката на Клиниката за кожни болести е заразена со корона вирус


Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес-конференција соопшти дека директорката на Клиниката за кожни болести е заразена од корона вирусот.

-Пациентката е жена лекар, која допатувала од Италија, директорка на Клиниката за кожни болести, изминатите 5 работни дена одела редовно на работа. Добро е што колешката не била изминатите денови во амбуланта, рече Филипче и изрази огромно разочарување од непочитувањето на препораките од страна на здравствен работник.

-Доцна синоќа беше дијагностицирана пациентка позитивна на коронавирус, претпладнево се сместува на клиниката за Инфективни болести. Нејзината состојба е иста како и на двајцата сопружници, стабилна, додека состојбата на првозаболената е целосно стабилизирана, во текот на денот ќе се одлучи дали ќе биде пуштена од болница.

Целата екипа на Институтот од јавно здравје прави проверка на сите кои соработувале со неа, вработени и пациенти. Можно е одделот целосно да биде затворен. Сите препораки коишто ние ги дадовме, мерки со коишто сме во предност пред целиот регион, секаде каде што ќе видиме прекршок, ќе преземеме најостри мерки. Колешката ќе биде хоспитализирана, сите други ќе бидат во домашна изолација. Морам да истакнам дека сум максимално разочаран од непочитувањето на

Секојдневните апели за самоизолација мора да се сфатат многу сериозно. Не може да се затворат границите, тоа е невозможно. Потенцирам, секој којшто доаѓа од ризичен регион, доколку на граница нема симптоми, мора да остане во автоизолација 14 дена. На тој начин го штити своето здравје и здравјето на населението. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје, кажа Филипче.

Share Button

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1