Директорката нa Kожна клиника комуницирала со вработени, ќе се затвора цел оддел


Колешката одела редовно на работа. Земејки го предвид овој факт, исклучително со големо внимание постапуваме со мерките што ги преземаме на Клиниката на кожни болести. Епидемиолози од Институтот за јавно здравје прават проценка на степенот на ризик, на вработените и на пациентите. Можно е согласно одлуката на епидемиолозите, одделот да се затвори целосно.

Пациентите кои се таму хоспитализирани исто така ќе се заштитат, утврдено е дека тие можат да го продолжат лечењето во домашни услови. Сите други прегледи ќе бида насочени кон ругите јавно здравствени институции. Таа немала директен контакт со пациенти во амбуланта кои доаѓале изминатава недела. Но имала контакти со членови на нејзиното семејство, со пријатели, по што за сите нив согласно разговорите ќе се донесе соодветна одлука, дали ќе бидат под здравствен надзор – рече Филипче.

Тој рече дека ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје.

– Сега таа е на лекување, ќе има мерки против сите за кои е утврдено дека го загрозуваат јавното здравје. Нема друг начин на заштита освен да се почитуваат апелите и препораките усвоени од Владата. Колешката е хоспитализирана, останатите ќе бидат во изолација. Максимално сум разочаран. Не можеме да ги затвориме границите, ниедна држава не затвора граници. Сите препораки на експертите се самоизолација, како што уште пред две недели препорачавме, за секој кој доаѓа од ризичен регион. Мора да имаме одговорност кон колективното здравје зашто е тоа наш приоритет – додаде Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1