Филипче : Шестмина новозаболени од коронавирус (Во живо)


Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференцијата информира дека од 12 тестирани , шестмина се позитивни.

Денеска биле тестирани 12 лица од коронавирус. Од нив шестмина се позитивни , петмина од Дебар и една пациентка што стигнала од Шпанија.

Шестмина се новозаболени од коронавирус . Во болница се петмина новозаболени во болницата во Дебар . Таму има кадар , кои може да ги лекува овие пациенти , рече Филипче.

Се затвораат сите копнени гранични премини освен Табановце, Ќафасан , Богородица и Деве Баир. Се затовра охридскиот аеродром. Се забранува влез во земјата и од земјите со среден ризик. Се затовраат моловите , освен продавниците за храна и аптеките во нив . Другите може да работат на друг начин. Се забранува работа на кафулиња , ресторани , кладилници, кзаина и спортски обложувалници.

Објекти што произведуваат храна може да работат , но без гости само со нарачка. Достава на продукти во подрачјето на Дебар и Центар Жупа била тема на разгледување на седницата на владата.

Не знаеме што може да очекуваме , добро е што имаме само едно место на локална трансмисија , за разлика од другите земји. Сите капацитети се спремни , како и болничките капацитети во овие установи, рече Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1