Филипче: Треба да има и онлајн опција за родителите кои не се согласни децата да одат на училиште


Не знаеме каква есен нè чека, мора да бидеме внимателни особено со децата. Полошо сценарио значи поголем број пациенти и од сезонски грип, кои ги окупираат истите одделенија на кои сега лежат пациенти со ковид. Се спремаме за лоши сценарија со многу пациенти, но се надевам дека луѓето ќе бидат свесни и дека ќе се придржуваат до превентивните мерки, вели министерот за здравство Венко Филипче во интервју за МКД.мк.

Филипче вели дека што се однесува до училишниот модел, родителите треба да имаат избор: да ги праќаат децата во училиште или да учат онлајн.

-Зазедовме став на Комисијата и мислам дека предлогот е сосема солиден, до трето одделение со физичко присуство, празни ќе бидат училиштата, а другите да бидат со онлајн-настава. Се соочуваме со еден период во кој во ниту една земја во светот не се знае што ќе биде. Не знаеме каква есен нè чека. Дополнително сезонски грип, колку пациенти ќе има… Така што, мора да бидеме внимателни особено со оваа категорија. Апсолутно мислам дека солидна е препораката за од прво до трето одделение. Мислам дека треба да одат во училиште ако се согласни родителите. Ако родителите не се согласни, тогаш треба да има и онлајн настава, смета Филипче.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1