Филмско бегство на политичарка од затвор , осудена на 15 години за купување гласови (ВИДЕО)


Политичарката Аида Мерлано (43) , која била осудена за купување гласови , во вторникот добила дозвола да оди на стоматолог , откако се пожалила кај затворските власти ан забоболка. Но , таа скокнала од прозорецот , со помош на црвена лента и се качила на моторот со маж , кој ја чекал под прозорецот на ординацијата среде Богота. Бегството е снимено од безбедносните камери.

Сè беше очигледно добро испланирано, затоа што едно лице со мотор ја чекаше на задниот дел од ординацијата. Пред да се оддалечат, поранешната пратеничка внимателно ја стави кацигата на глава.

Полицијата изјави дека истрагата е во тек и понудила награда од 50 милиони колумбиски пезоси (околу 13.000 евра) за информации за тоа каде се наоѓа Мерлано.

Аида Мерлано беше осудена на 15 години затвор минатиот месец за купување гласови на парламентарните избори во 2018 година.

Не е познато зошто и било дозволено да оди на стоматолог, краткотрајниот престој надвор од затворот обично е дозволен само во итни ситуации.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1