Фирмите добиваат и по 1.500 евра за секое отворено работно место


Анита Коруновска од Штип пред 3 години како невработено лице, ја искористи влдината мерка за самовработување. Со грант средства во висина од 3000 евра таа оформи сопствена фирма за монтирање на електрична инсталација. За краток период се зголемил обемот на работата, по што Коруновска започнува со вработување, пишува Сителpari evra 1

-Јас вработив лице до 29 години и ја искористив мерката за добивање на 92 000 денари неповратни средства- изјави Анита Коруновска,

Средствата пристигнале во вистински момент, со што бизнисот започнува да се шири и во фирмата на Коруниовска во моментот има вработено 5 лица.

-Сега планирам да аплицирам за уште 3 вработувања, а исто така сакам и дваца хонорарно да вработа.- изјави Коруновска

Коруновска додаде дека младите не треба да се плашат да ризикуваат, туку да ги прифатат можностите што им ги нуди државата, да ги стават своите идеи на хартија и да аплицираат во Агенцијата за вработување, бидејќи без ризик, нема ниту успех.

Сител.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1