Новинарката и од неодамна член на Демократската партија на Косово, Арбана Џара синоќа пред полноќ е физички нападната од неколку лица во Приштина.
Таа, во тешка состојба била пренесена во Универзитетската болница и според последните информации нејзината здравствена состојба е стабилна.
Џара, која е поранешен главен уредник на приштинскиот весник „Зери“ и претходно добивала закани.
Во врска со нападот врз Џара регираше претседателот Хашим Тачи, кој на својот профил на Фејсбук пишува дека е вознемирен и загрижен поради нападот врз новата членка на ДПК, дека нема оправдувања за нападот и бара итно расветлување на случајот.
– Целосно е непрфатлива и е за секаква осуда примената на сила и за тоа нема оправдување. Како општетво нема да дозволиме насилството да биде средство на изразување на наше незадоволство, наведува Тачи.
Спред него,овој низок чин не е закана само за Арбана и нејзиното семејство, туку и за начелата и вредностите на демократијата врз кои се гради косовското општество.