Укинат притворот на Сеад Кочан


Укинат е притворот за сопственикот на „Трансмет“ бизнисменот Сеад Кочан, дознава Алсат М од сигурни извори. Според информаците на телевизијата, ваква одлука е донесена во текот на вчерашниот ден со што се поништува домашната и меѓународната потерница која полицијата ја распиша за Кочан, уште пред речиси 2 месеци.

Само пред неколку дена Кривичниот суд по барање на Специјалното јавно обвинителство го замрзна имотот и три сметки на сопственикот на „Трансмет“.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1