Вода од водовод
Нејзиниот производител признава дека “Дасани” ја полнат од “чешма”. Ако ви одговара да пиете исклучително скапа вода од водовод, само продолжете. Меѓутоа, имајте на ум дека тоа е лош избор кога станува збор за здравјето, но и заштитата на животната средина.
Магнезиум-сулфат
Магнезиум-сулфатот не е состојка која би требало да се наоѓа во водата. Зошто? Затоа што станува збор за лаксатив и таканаречен десикант, агенс за впивање на водата. Основниот пијалок за гаснење на жед содржи агенс за впивање на водата? Зошто?
Калиум-хлорид
Калиум-хлоридот најчесто се користи во вештачките ѓубрива и смртоносните коктели за извршување на смртни казни. Интересен додаток за флаширана вода, зар не?
Не е баш јасно зошто овие хемикалии се додаваат во водата. Оваа состојка се поврзува со можни проблеми со цревата, срцева аритмија, слабост на мускулите, дијареа и оштетен нервен систем. Еве уште нешто што не знаеме – колку од оваа супстанца “Кока-кола” додава во својата вода.
Сол
Иако главно не е опасна, солта може да предизвика здравствени проблеми ако пиете многу флаширана вода во текот на денот, особено ако патите од срцеви заболувања или висок крвен притисок.
Заклучок?
Тажна е реалноста дека денес ретко можете да дојдете до добра вода, но флашираната вода не е добра алтернатива за онаа од чешма. Затоа ви препорачуваме наместо да купувате вода, вградете филтери за прочистувања на водата од водовод.
Денешен.мк