Фондот за здравство тужел 15.000 македонци – пресудите им стигнуваат дома


Затоа што пријавиле лажна сума за своите приходи и на тој начин оствариле право на здравствено осигурување на товар на Фондот за здравствено осигурување на Македонија, институцијата поднела кривични пријави против 15 илјади Македонци за 2011 и за 2012 година и инсистира тие да бидат осудени, пишува Нова ТВ.fzom

Граѓаните без судење и без нивно знаење веќе се осудени на казни затвор во траење од по три месеци, условно за една година. Донесените пресуди веќе им се доставуваат на домашна адреса, ако граѓаните поднесат приговори на ваквите одлуки ќе има ново судење, а доколку не се жалат, ќе треба да платат по 3.000 денари судски трошоци.

Инаку, ФЗОМ се жалел на одлуките на обвинителствата кои отфрлиле речиси половина од поднесените пријави иако,како што се наведува во текстот на Нова ТВ, нема законско право на тоа.

Фондот за здравство, тврди дека граѓаните пополнувајќи го образецот, дале неточни податоци за нивните примања, а тие, по проверките во УЈП, утврдиле дека имале повеќе приходи од пријавените и им поднеле кривични пријави за „употреба на исправа со невистинита содржина“ казниво според членот 380 од македонскиот Кривичен законик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1