700 џихадисти од Балканот се борат во Сирија, 20 се од Македонија


Дваесет македонски државјани се борат во Сирија и во Ирак во редовите на Исламската држава, проценува Меѓународниот центар за проучување на радикализацијата од Kралскиот колеџ во Лондон. Според Центарот, дел од Одделот за воени студии, околу 700 џихадисти од балканските земји војуваат како доброволци во редовите на радикалната исламистичка група. Најмногубројни се државјаните на Босна и Херцеговина, околу 340, на Kосово – околу 150 и на Албанија – околу 140 џихадисти. Според Центарот, во редовите на Исламската држава има и околу 30 државјани на Црна Гора, тројца српски и еден бугарски државјанин.borci sirija

МВР и експертите се воздржани за процените на Центарот од Kралскиот колеџ.

– МВР не ги коментира процените за бројот на македонските државјани што заминале во Ирак и Сирија за да се вклучат во конфликтот. Процените што ние ги имаме се оперативни сознанија, кои треба да се потврдат со докази – вели Иво Kотевски, помошник на министерот за внатрешни работи за односи со јавноста.

sirijaНајмалку десет македонски државјани загинале во конфликтите во Сирија и во Ирак во минатата една и пол година. Деветмина загинале во Сирија како припадници на Фронтот Ал-Нусра или на Исламската држава, а еден македонски државјанин минатата недела загина во Ирак со група џихадисти од Исламската држава. Седуммина од загинатите биле жители на скопската општина Чаир.

Според процените, главни регрутни центри на џихадисти за Ирак и Сирија се Босна, Kосово и Албанија. Досега околу 40 косовски државјани загинале во конфликтот на Блискиот Исток. Kосовската полиција, пак, потврдила дека во конфликтот загинале најмалку 16 Kосовци.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1