КОРЕКЦИЈА НА ИМИЊАТА НА ДЕЛ ОД СЕЛАТА ВО МАКЕДОНИЈА


Жителите на тетовското село Фалише ке добијат лични документи кои ке бидат усогласени и со МВР и со матичната служба,катастарот и локалната самоуправа.По неколку годишни жалби и барања, владата преку законски измени предлага на нивното село да му се врати старото име Фалише наместо Фалиш како што е заведено уште во 2006 година.selo4

Техничка корекција на имињата ке се прави за уште неколку населени места за кои до министерството за локална самоуправа стигнале реакции од граганите или институциите.Такви сеимињата на селото Петришино во Петршино,Зарепници во Зарапници,Мердита во Мирдита,вели Лирим Шабани министер за локална самоуправа, јавува Телма

Другите вековни имиња на топоними или села кои во последниве години без законска процедура се променети ке останат исти.Таков е случајот со името на селото Бањиче,преименувано во Баниште,на Попова Шапка која на сообракајните патокази е означена како Кодра е дјелит или со вековното име на реката Пена  преименувана во Шкумбим.Според објаснувањето на надлежното министерство тие се одговорни само за населените места, но не и за топонимите.

Иако Министерството за транспорт најавуваше санкции за субјектите кои ги поставиле таквите патокази на патот Скопје Тетово и нивно отсранување, состојбата на терен е сеуште иста.Измените на законот за територијална организација предвидуваат озаконување на населените места кои што имаат традиција на села, а биле регистирани во друга општина со што се создава можност тие  одделно да функционираат. Станува збор за селата Виниче и Колонија кои ке се припојат на општина Гази Баба, Кисела Јабука кон Ѓорче Петров, Спиково кон Пехчево, како и на Војновик,Костурник и Клуковец кон Куманово.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1