Џастин Бибер е единственото машко во првите најбогати на најновата листа на Форбс – најбогати славни млади под 30 години. Убедливо најмногу заработуваат жените, според Форбс тие се подобри бизнисмени отколку машките славни пеачи и актери.
Стигна најновата листа на магазинот Форбс на „најплатените млади славни личности“, односно нивната моментална финансиска состојба.
Кои се најбогатите млади личности до 30 години?
Интересно, на оваа листа во Топ 5 селекцијата единствено машко е Џастин Бибер и го зазема високото второ место, а неговата заработка се проценува на 55 милиони долари. Веднаш зад него се наоѓа Ријана со заработка од 53 милиони долари, додека на четврто место е Лејди Гага со 52 милиони, која минатата година беше на врвот со заработени рекордни 90 милиони долари.
На место број 5 е Кети Пери, која во текот на претходната година успеа да инкасира 45 милиони. Пониско на листата се Адел и Кристен Стјуарт на 6то и 7то место. Сепак усте три машки ја затвораат листата топ десет а тоа се Лил Вајн, Тејлор Лаутнер и глумецот Роберт Патинсон.
Сигурно се прашувате кој се наоѓа на врвот и колкава е неговата заработка? Станува збор за 22 годишната Тејлор Свифт со, верувале или не, заработка од 57 милиони долари. Статистиките покажуваат дека популарната кантри поп ѕвезда заработува и по 1 милион долари на концерт.
Во продолжение погледнете ги овогодинешните „Highest-Paid Celebrities Under 30“ листи на магазинот форбс:
Forbes Top 10 Under 30:
1. 1. Taylor Swift
2. 2. Justin Bieber
3. 3. Rihanna
4. 4. Lady Gaga
5. 5. Katy Perry
6. 6. Adele
7. 7. Kristen Stewart
8. 8. Lil Wayne
9. 9. Taylor Lautner
10. 10. Robert Pattinson