„Форбс“ објави нова листа: Кој е најбогатиот Македонец?


Веќе трета година по ред најбогат Македонец е Минчо Јорданов, сопственик на голем број на најчесто металуршки и градежни компании, а вредноста на неговите акции е 26, 4 милиони евра, објави „Форбс“.

hands-holding-money2724991187645861

Втор е првиот човек на Макпетрол, Андреј Јосифовски со 22,5 милиони евра во акции. Според рангирањето на угледниот Форбс првите три места на годинешнава листа на најбогатите бизнисмени во регионот ги држат тројца Хрвати, Ивица Тодориќ, Бранко Роглиќ и Емил Тедески, објави Јутарјни лист.

Ивица Тодориќ е сопственик на Агрокор, Бранко Роглиќ е сопственик на компанија за дистрибуција Орбико и Емил Тедески, сопственик на Атлантик Груп. На четвртото место се враќа бизнисменот од Србија Мирослав Мишковиќ.

Мишковиќ се врати на врвот на топ листата во Србија со 463,7 милиони евра приходи од Делта холдинг, а Миодраг Костиќ, кој лани беше прв и неговата MK Група потона за 20 отсто.

Второто место во Србија, го делат Саша Глушац, Ивица Вукелиќ и Велибор Ѓуровиќ, ко-сопствениците на  Autoritas инвестиции од Нови Сад, чиј приход изнесува 369,4 милиони евра.

На врвот на листата на најбогатите бизнисмени во Словенија се Иза и Само Логин, брачна двојка, сопственици на компанијата Outfit7, специјализирана за мобилни апликации, која има приходи од 617,2 милиони евра. Брачниот пар го надмина и Санди Чешка, сопственик на телемаркетинг компанијата Студио Модерна, која минатата година беше прв имаше приход од 390,7 милиони евра.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1