Ако некогаш сте сонувале дека сте прошетале низ лабораторијата на која Никола Тесла ги наредил неговите најголеми достигнувања, да погледнете на какви работни столови седел и какви книги чувал на полиците, тогаш вашиот сон сега можете да го направите реалност.
Впрочем сето ова можете да го видите во музејот на Никола Тесла во Белград и тоа благодарение на професорот Владан Вучковиќ од Ниш.
Професор Вучковиќ со својот стручен тим од Електронскиот факултет во Ниш е добитник на годинешната награда за Тесла, за проектот под име „Компјутерска симулација и 3 D моделирање на оригинални патенти на Никола Тесла.
„Целата реконструкција е извршена на основа на шест оригинални црно-бели фотографии на лабораторијата, која Музејот на Никола Тесла ја добил од Американците. Снимки ги скениравме и потоа со форензичарски детективи, секоја ситница детално ја анализиравме. Утврдивме што е што и на основа на тоа осмисливме симулација од најситните детали“, објаснува професорот Вучковиќ.
Тој додава дека особено внимание посветиле на архитектурата на оваа лабораторија, во која генијалецот од Смиљане, се преселил на почетокот од минатиот век. Теса се преселил од Менхетен во Лонг Ајленд, во симпатична зграда, проектирана во италијански стил, а целиот имот го претворил во научен центар.
„Репликата на нашите симулации во моментов се наоѓаат во Музејот на Никола Тесла во Белград, така што секој кој сака да ги види, слободно може да зачекори на местото на кое нашиот научник го создаде историското научно достигнување кое светот дури денеска го открива и се запознава со истото. Од прва рака може да се видат бројни негови изуми, фасцинантни генератори кои до милиметар ги имаме реконструирано“, вели професорот.